Во Берово утре информативен настан за новите процедури за фотоволтаици
Во Берово е закажан состанок на кој пред граѓаните ќе бидат презентирани новите поедноставени процедури за поставување фотоволтаици. Настанот е во организација на Општина Берово, а како што информираа оттаму, најавено е присуство на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
-На настанот може да присуствуваат сите правни и физички лица, кои се заинтересирани за инвестиции во поставување фотоволтаични електроцентрали на кровни конструкции. Истиот ќе се одржи утре, 09.12.2022 година (петок), во салата на Општина Берово, со почеток во 10:30 часот. Ообраќање ќе има и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој ќе ги презентира измените на Законот за градење и новите поедноставени процедури за поставување на фотоволтаици, информираа денеска од Општината.
Граѓаните како што прецизираат, можат да ги добијат сите информации за измените на Законот за градење во делот на поставување фотоволтаици и да добијат одговор на сите прашања.
-Средбата се организира поради големиот интерес на граѓаните за имплементација на проекти поврзани со поставување фотоволтаици, велат од Општина Берово.