Во Бахмут се случува „зомби апокалипса“

Украинците забарикадирани во Бахмут гледаат снимки од беспилотните летала како бендот на убијци и затворски силувачи на Вагнер продолжува да маршира во битката за опколениот град.


БАХМУТ, Украина – Во подрумот исполнет со чад на една зграда во центарот на градот Бахмут, источна Украина, луѓето од разузнавачкиот баталјон СКАЛА се подготвуваат за ризична извидничка мисија.  Еден од нив, облечен во панцир и шлем, става  жолта лента околу двете раце – знак што го користат украинските војници за да се идентификуваат на бојното поле. Претходно пригушениот звук на артилеријата станува се поостар и погласен како што се отвора вратата.

„Ситуацијата е прилично напната, но ние ја контролираме“, вели 23-годишниот Александар, држејќи ја својата автоматска пушка М4 од американско производство.  Со својот шмек  младото момче не би изгледало необично во трендовски ноќен клуб во центарот на Киев. Сепак, со недели, Александар и другите војници на баталјонот СКАЛА се справуваат со секојдневните руски напади и гранатирања на Бахмут, се гужваат во подрумот и вршат секојдневни летови во сивата зона – делот меѓу украинските и руските позиции. Именуван по неговиот основач и водач Јуриј Скала, баталјонот СКАЛА има задача да спроведува воздушно и копнено извидување, како и „операции за чистење“ – еуфемизам што значи напад на непријателските позиции.

„Дроновите се нашите очи таму“, вели Александар. Таму е Бахмут – град од 70.000 жители  познат по производството на сол и по своето пенливо бело вино – кој е уништен од повеќемесечното немилосрдно руско гранатирање и страшната рововска војна. Градот е главен транспортен центар и се наоѓа на стратешки автопат што минува низ украинските региони Доњецк и Луганск. Сепак, некои – вклучително и еден од водечките украински генерали – тврдат дека стратешката вредност на градот во најдобар случај е сомнителна.

Сепак, тоа е една од ретките области на фронтот каде што Русите сè уште напредуваат, а руската висока команда гладна за успех очајно сака да оствари победа по секоја цена. Некои теоретизираа дека освојувањето на Бахмут би претставувало лична награда за Евгениј Пригожин, основачот на озлогласената паравоена група Вагнер, чии платеници го сочинуваат најголемиот дел од руските сили во областа. САД. верува дека Пригожин има финансиски мотив: Вагнер често запленува профитабилни рудници за злато и дијаманти во областите каде што војува во Африка, а Пригожин можеби се насочил кон рудниците за сол и гипс околу Бахмут.

Според Рем, поранешен дилер на автомобили од Днепро, кој сега го коригира артилерискиот оган со помош на својот дрон, повеќето војници испратени во самоубиствените напади врз украинските позиции во Бахмут се осуденици регрутирани од Вагнер за да го зајакне бројот на руските сили во Украина. „Мобиците [регрутите] обично се исплашени и се разбегуваат кога ќе бидат гранатирани. Овие момци не се исплашени“, рече тој.

За борците на Вагнер  Рем вели дека се многу поефикасни отколку што обично им се дава признание: „На крајот на краиштата, тие напредуваат“.  беслуствителни на насилство и без нешто што може да загубат, затворениците – од кои многумина се насилни криминалци, вклучително и убијци и силувачи – украинските војници ги сметаат за посилен непријател од просечниот армиски регрут.

Руската тактика на испраќање затворски регрути да ги напаѓаат украинските позиции се покажа како ефикасна, иако бавна и смртоносна. Иако не се случи никаков голем пробив, тие полека ја нагризуваат украинската одбрана и се повеќе се приближуваат до источните предградија на градот.Оваа оценка кон крајот на декември ја повтори и Олександр Даниљук, поранешен советник за национална безбедност на Украина кој моментално работи на воено планирање, кој за затворските регрути рече: „Тие се – не можам да кажам бестрашни – но немаат што да изгубат многу. Така, постојано напаѓаат, иако се убивани исто така во голем број“.

 Во серијата видеа објавени од руската новинска агенција РИА Новости, шефот на Вагнер прво го посетува подрумот полн со тела на неговите борци, од кои многумина осуденици, убиени за време на битката за Бахмут, пред да се пожали дека „секоја куќа [во Бахмут] стана тврдина“ – и дека понекогаш е потребна една недела борба за да се земе една куќа.

Според американски официјален претставник цитиран од „Гардијан“ во четвртокот, од првичните сили од речиси 50.000 платеници на Вагнер, повеќе од 4.100 веќе се убиени во акција, а 10.000 се ранети, вклучително и над 1.000 убиени помеѓу крајот на ноември и почетокот на декември во близина на Бахмут. Посетата на Володимир Зеленски на градот кон крајот на декември ја нагласи симболичната вредност на „тврдината Бахмут“ – и жртвите направени за да се одбрани. Украински офицер кој служи таму кажа дека имаат десетина жртви дневно. 

Надвор од командниот центар на СКАЛА, улиците се речиси празни. Неколку блока подалеку од седиштето на СКАЛА, 60-годишниот Хрихори е зафатен со сечење дрва за огрев на паркингот на неговата станбена зграда, навидум несвесен за артилерискиот оган што се слуша во далечината. Облечен во топла зимска облека и црни пластични чизми, човекот вели дека нема намера да го напушти својот стан – и покрај тоа што прозорците беа скршени еден ден пред нашата посета.

„Јас чекам да победи украинската армија“, вели тој со насмевка. „Не заминувам“. До него во тенџере поставено на отворен оган се крчка храна. Кратерот од гранатирањето од минатата утро се наоѓа на само неколку метри од неговата импровизирана кујна. Да готвеше кога удри, ќе умреше.

Назад на командното место, група од десетина војници се враќаат од мисија во „сивата зона“. Војниците, облеани во пот и наполнети со адреналин, брзаат низ вратата, гласно пцуејќи. Роман, војник од Днепро, пали цигара и на лош англиски ги претставува другите членови на екипажот: Ванси, војник кој служел во Донбас во 2015 година и  кој сега служи во јагленосаните урнатини на неговиот роден град откако го испрати остатокот од неговото семејство на безбедно во Бугарија.

„Вака немам трчано 20 години“, извикува Роман, задишан.

Според него, во областа оперирале руски тенкови Т-62 стари 50 години. „Не можевме да ги видиме, но можевме да ги слушнеме“, вели тој.

Употребата на такви застарени модели укажува на зголемениот дефицит на опрема и возила меѓу руските сили, проблем што е надополнет со санкциите што ја таргетираа воената индустрија во земјата. Сепак, украинските војници велат дека Русите не треба да се потценуваат. „Сè уште е многу гласно таму, борбата не е завршена“, вели Роман, гасејќи ја цигарата.

Основачот на најпознатата руска платеничка група вчера рече дека сака неговите сили и редовната руска армија да го заземат малиот град Бахмут во источна Украина,бидејќи поседува „подземни градови“ кои можат да држат војници и тенкови. Напорот на Русија да го заземе Бахмут трае повеќе од пет месеци  и поради тоа ги збуни западните воени аналитичари кои рекоа дека големите загуби на руската страна и фактот дека Украина изгради одбранбени линии во близина значат дека каква било руска победа таму би била пирова. Снимките што од вчера се појавија на Твитер за руските жртви во борбите околу Бахмут го покажуваат тоа (види ја главната фотографија).

„Црешата на тортата е системот на рудниците Соледар и Бахмут, што всушност е мрежа од подземни градови. Не само што (имаат способност да држат) голема група луѓе на длабочина од 80-100 метри, туку може да се движат внатре и тенкови и борбени возила“.

Пригожин, чиј политички капитал во Москва ќе биде зајакнат доколку Бахмут падне во рацете на Русија, рече дека залихите на оружје биле складирани во подземните комплекси уште од Првата светска војна.Неговите коментари беа упатување на огромните рудници за сол и други рудници во областа кои содржат повеќе од 100 милји тунели и огромна подземна просторија во која се одржуваа фудбалски натпревари и концерти на класична музика во помирни времиња.

Официјален претставник на Белата куќа во четвртокот рече дека Вашингтон верува дека Пригожин сака да ја преземе контролата врз рудниците за сол и гипс во областа од комерцијални а не одбранбени причини. Тој не спомена нивната наводна подземна воена употреба.