Во Бахмут се останати уште 4.500 цивили


Во засолниште во Бахмут (Фото: АФП)

 

„Околу 4.500 цивили остануваат во Бахмут. Вклучувајќи 48 деца кои не можат да бидат евакуирани затоа што живеат на места кои веќе не се достапни“, изјави во средата за Си-Ен-Ен портпаролката на украинската регионална воена управа Доnецк. Пред избувнувањето на војната Бахмут броеше 71.000 жители.

Тетијана Игнатченко ги повика луѓето да го евакуираат градот поради опасноста, но рече дека имаат доволно залихи.

„Во градот има храна, вода и лекови. На луѓето однапред им беше обезбедено сè“, рече Игнатченко. „Сепак, сите мора да си заминат. Ситуацијата е исклучително опасна за цивилите“.

Повикот на Игнатченко до оние што сè уште се во Бахмут доаѓа додека руските сили продолжуваат да остваруваат дополнителни придобивки во градот, како што беше признато од Генералштабот на украинската војска во средата.

„Во насока Бахмут, непријателот продолжува да напредува. Не престанува да го напаѓа градот Бахмут“, соопшти украинската војска во утринското ажурирање.

Украинските сили рекоа дека се држат на терен и одбиле некои руски напредувања.