Во Австрија вториот карантин го зголеми падот на БДП

Вториот карантин, што во Австрија е во сила од вторникот и ќе биде во сила до крајот на месецот, негативно влијае врз австриската економија. а падот на бруто домашниот производ ќе биде поголем од предвиденото.

Виенскиот економски институт „Вифо (Wifo) истакнува дека екононмскиот раст во Австрија годинава ќе изнесува минус 7,7 отсто, наместо прогнозираниот пад од 6,8 проценти..

Според „Вифо“ Австрија следната година ќе има раст на БДП од 2,8 наместо прогнозираните 4,4 отсто.

Дури 0,6 проценти од падот на БДП годинава е предизвикан од ограничувањата во хотелиерството и гастромијата, а остатокот се должи на намалената потрошувачка во другите области.