Во Австрија драстично се зголеми бројот на заразени


Во Австрија е регистриран нов скок на бројот инфицирани со корона вирусот за 200, така што вкупно заболени се 1.843 лица.
Скокот е забележан од вчера попладне, кога беа заразени 1.646 лица, соопшти Министерството за здравство.
Порасна и бројот на тестирани на 13.724 лица, а тие се спроведуваат кога постои сомнеж за инфекција со вирусот.
До сега девет лица кои биле инфицирани со корона вирус починаа, но официјално се водат пет жртви.
Само во текот на вчерашниот ден починаа пет пациенти кои биле инфицирани со корона вирусот.
За останатите четири се утврдува дали починале од вирусот или дрога е причината за смрт.