Во Аргентина се урна покрив од куќа со 5 тони отпад, загинаа четири братчиња


 

Четири момчиња на 8 јануари загинаа при уривање на покривот од нивната куќа во Аргентина. Жртвите се четиригодишните близнаци Беницио и Ноа Ниси, како и нивните браќа Лоренцо дел Рио (6) и Сантино Хардој (10).

Истражителите претпоставуваат дека до уривање на покривот од куќата, во Ел Јаруел, во провинцијата Буенос Аирес, дошло поради тоа што момчето на нивната мајка неколку часа пред инцидентот складирал пет тони градежен шут на покривот од куќата.

Каталино Даниел Лопаз (51) кој е и споственик на куќата се сомничи дека го искористил рамниот покрив за да го складира отпадот. Семејството се вселило во куќата пред две недели. Лопез се соочува со обвиненија за тешко убиство од немарност, а во текот на испитувањето се служел со правото на молчење.

Преживеа 15-годишното момче

„Моите четири деца умреа, се чувствувам како и јас да умирам. Не сакам повеќе да живеам. Моите блзинаци Бениио и Ноа, и Лоло и Сантино, сите отидоа во рајот. Ме оставија, мајкините ангели. Кажете ми дека ова е само ноќна мора. До бога, деца мои, не“, напиша мајката Памела Ниси на социјалните мрежи.

Памела (37) има уште два сина, од 15 и 18 години. Најстариот не живее со нив, но 15-годишниот Валентин бил во куќата во моментот на уривање. Пжеривела оти кога забележал прашина од уривањето, истрќал да ѝ каже на мајка му пред покривот да се урне.

Се собираат пари за погреб

Близнаците наводно, спиеле додека Сантино Хардој и Лоренцо дел Рио играле на телефоните в кревет. Три мочиња починале на место, додека едното починало на пат до болница.

„Во неделата, на покривот го скларидале целиот греадежен шут и веруваме дека поради тоа констртукцијата попуштила”, вели таткото на Сантино, Пабло Езекил.

Полициската истрага е во тек, а во меѓувреме, роднините и соседите покренаа crowdfunding кампања за да се соберат пари за погреб на жртвите.