Во Америка дневно се хоспитализираат 370 деца поради Ковид

Високозаразниот омикрон сој прати бран деца во болница со рекордни бројки, пкажаа најновите податоци на американскиот Центар за превенција и контрола на болести, а дневно во болница завршуваат 370 деца.
Од 22 до 28 декември се случија најмногу хоспитализации кај лица помлади од 17 години, објави ЦДЦ, пренесе „Хил“.
Податокот дека дневно во болница се примаат по 370 деца е пораст за 66 отсто во однос на минатата недела
„Хил“ додава дека повеќе од 1.000 деца починале од Ковид од почетокот на пандемијата, а само во претходните неколку месеци хоспирализирани се десетици илјади деца.
Од 1 август до 28 декември повеќе од 76.000 деца завршија во болница поради Ковид, а омикрон, иако откриен на почетокто на декември, минаѕаѕа недела правеше 59 отсто од сите случаи во САД.
Здружението на педијатри на САД процени дека во претходните две недели дошло до зголемување на позитивните случаи од пет отсто кај децата, па уште 368.515 деца се заразени од 9 до 23 декември.