Во албанскиот Парламент првпат пратеник Египќанец


Ервис Мечо од партијата на Египќаните, Партија за европеизација и интеграција, ќе биде пратеник во албанскиот Парлемент.

По известувањето од Централната изборна комисија на Албанија, Мечо доставил формулар, со кој се согласува да му биде верифкуван пратеничкиот мандат.

На последните парламентарни избори, одржани во јуни 2017 година, Мечо беше дел од изборната коалиција предводена од опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша. Врз основа на договорот тој беше на 13-то место на кандидатската листа за округот Валона.

Тој ќе биде дел од новоформирата пратеничка група на демократите, чиј координатор е Рудина Хајдари.

Мечо како и Васил Стерјовски, генерален секретар на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), кој е прв Македонец во албанскиот законодавен дом, на првата седница, најверојатно в четврток, ќе седнат во собраниската сала и ќе дадат заклетва.

И двајцата ќе бидат први народни избраници во албанскиот Парламент во плурална Албанија, кои доаѓаат од партиите на Македонците и Египќаните, но и воопшто како пратеници кои јавно се декларира како Македонец, односно Египќанец.