Во Албанија пристигна Бригадата за помош на безбедносните сили на САД-SFAB


Во Албанија пристигна Бригадата за помош на безбедносните сили на САД, единица за воена обука која е во партнерство со главната албанска воена единица, пренесе агенцијата Балкан веб.

Се додава дека на церемонијата организирана во оваа прилика, во присуство на министерот за одбрана Нико Пелеши, американската амбасадорка Јури Ким го нагласила „интерактивното значење со сојузниците на НАТО на нов терен за светска безбедност“.

-Бидејќи означуваме 100 години од воспоставувањето билатерални односи меѓу нашите две земји, наоѓаме вистински историски начин да ги унапредиме нашите воени односи на нови височини. Со години, албанските и американските трупи тренираа, се бореа и живееја рамо до рамо. Но, денес, ние означуваме важен чекор во нашето билатерално партнерство за одбрана овде, во Албанија, изјавила Ким.

Таа посочи дека годинава, на 9 март, во Тирана е поставено регионалното седиште за Балканот на американските специјални сили-првото постојано присуство во историјата на американските воени сили во Албанија.

-Денес, задоволни сме што официјално ставаме во функција друг елемент на нашето присуство: Бригадата на безбедносните сили и помошта на американската армија, позната и како SFAB. SFAB, која е главната единица на нашата воена обука, е во партнерство со главната албанска воена единица – Баталјонот на лесна пешадиска група – да ги зајакне воените вештини на Албанија. Групата за лесни пешадиски баталјони веќе направи важни чекори за исполнување на своите цели за способност во НАТО, посочила амбасадорката.

Според неа под водство на министерот Пелеши и бригадниот генерал Кингџи, албанските сили продолжуваат да се подобруваат преку модернизација, развој на инфраструктурата и структурни промени што ќе играат важна улога не само за Албанија, туку и за регионална и глобална безбедност.

-Неиспровоцираната, неоправдана, брутална окупација на Украина, јасно дава до знаење дека способностите и интерактивноста на сојузниците на НАТО се клучни, додала Ким.