Во Албанија почна новата учебна година со 8.000 првачиња помалку

Во Албанија за 386.000 основци и средношколци денеска почна новата 2019/2020 учебна година. За првпат во ученичка клупа седнаа 24.000 првачиња.

Од вкупнот број околу 272.000 ученици се во основното образование,додека околу 90 илјади се средношколци.

За првпат во ученичка клупа седнаа 24.000 првачиња,што е помала бројка за 8.000 првачиња споредeно со минатата учебна година.

Од година во година, се забележува пад на бројот на учениците во основното образование,што е последицата на масовната миграција и намалениот наталитет. Колку за споредба бројот на учениците во учебната 1990/1991 година, во основното образование изнесувал 557.000.

Претседателот Илир Мета симболично седна во ученичка клупа посакувајќи им на сите ученици среќна и успешна учебна година,посочувајќи дека образоването е најсигурна инвестиција за европската иднина.

– Главниот приоритет на општеството кое верува во иднина преполна со предизвци е инвестирањето во знаење и образование на помладата генерација. Ова е најбезбедна инвестиција за нашата европска иднина,порача Мета.

Успешна учебна година посакаа и премерот Еди Рама,министерката за образоване,како и лидерите на неколку политички партии.