Во Албанија нови 93 случаи со корона вирус

 

Во последните 24 часа во Албанија регистрирани се 93 новозаразени со Ковид-19 и четворица починати.

„Врз основа на 420 тестирања на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 93, што е највисок број од почетокот на пандемијата во март“, се наведува во соопштението од албанското Министерство за здравство и социјална заштита.

Се додава дека од почетокот на епидемијата направени се 31.933 тестирања, од кои 3.371 биле позитивни, 1.881 оздравеле, а 89 починале, додека активни се уште 1.401.

Институтот за јавно здравје на Албанија дневно може да направи 500 тестови, па затоа во следниот период ќе почне со работа нова лабораторија со капацитет за 1.000 тестови на дневно ниво.