Во Албанија има околу 22 илјади странци со дозвола за престој, 54 отсто се за работа


(Фото: Независен)

Се шири географијата на странски државјани кои доаѓаат во Албанија поради работа, семејно обединување или други причини, при што оние со потекло од Косово, Италија и Турција го сочинуваат најголемиот процент, објави Институтот за статистика (ИНСТАТ).

„На крајот на минатата година, бројот на странци со дозволи за престој во Албанија изнесува 21.940, што е зголемување од 2,2% во споредба со претходната година. Од нив, речиси 12 илјади се поради работа. Во 61,9% од странците со дозволи за престој доминираат мажи, во споредба со жени со 38,1%. Најзастапената возрасна група е онаа од 30 до 39 години, наведува ИНСТАТ.

Во 2024 година, бројот на странци со потекло од Косово изнесувал 4.592 жители, што претставува зголемување од 23,7% во споредба со 2023 година, додека оние со потекло од Италија се 3.763 лица, што е раст од 11,5% во споредба со 2023 година. Значително зголемување бележат и лицата од азиските земји и тоа 20,1% (4.545 лица), како и од Америка и Африка од 23,4% (3.028 лица).

Вработувањето е главната причина и тоа кај 54,3% од дозволите за престој, по што следуваат, семејно обединување 24,5%, други причини 16,3%, студии 4% и хуманитарни цели 0,9%.