Во Африка над половина милион луѓе заразени со Ковид-19

Јужна Африка – Бројот на заразени лица со новиот коронавирус во Африка надмина над половина милион луѓе, откако Јужноафриканската Република уште еднаш пријави повеќе од 10.000 новозаболени во еден ден.

Вкупниот број на заболени лица во Африка изнесува најмалку 504.000, но не е познат точниот бројот помеѓу 1,3 милијарди жители, бидејќи 54 африкански држави се соочуваат со недостиг од тестови. Досега поголемиот број тестови се спроведени во главните градови, но вирусот се шири и во внатрешноста.

Во Африка заразени се и 2.000 здравствени работници. Минатата недела здравствените работници во Нигерија, Зимбабве, Конго и Сиера Леоне протестираа барајќи адекватна заштитна опрема и подобри плати.