Во Аеродром нема да се плаќа закупнина за деловен простор


Советот на Општина Аеродром донесе одлука за ослободување од закупнина на корисниците на деловен простор на подрачјето на Општина Аеродром за време на вонредната состојба.Исто така, советниците изгласаа доделување финансиска поддршка на Црвен крст за справување со КОВИД 19.

– Во таа насока беше донесена и одлуката за користење средства од постојната резерва од буџетот на Општина Аеродром за 2020 година со намена за преземање мерки и активности поврзани со кризата – информираа од општина Аеродром.

Исто така, Советот на Општина Аеродром на полициската станица Аеродром ѝ додели на привремено користење подвижни ствари без надоместок со цел справување со коронавирусот.