Внукот на Ахмети ја објави кандидатурата за градоначалник на Кичево
Внук на Али Ахмети ја објави својата кандидатура за Општина Кичево како независен кандидат, во знак на револт за неговото незадоволство од случувањата во ДУИ. Фатмир Лимани остро ги критикува политиките на партијата.
„Ќе се кандидирам како независен поради неуспесите на ДУИ воопшто и особено на сегашниот градоначалник на Кичево. Актуелниот градоначалник од 2002 година е претседател на партискиот огранок на ДУИ, беше заменик-министер, па директор на пошта. Вршеше и други раководни функции. Потоа стана градоначалник на Осломеј, па градоначалник на Кичево. Жално е што основните училишта се уништуваат, во гимназиите се повеќе се користи дрога и алкохол и надминува над 60%,, се зголемува вработувањето на наставници без никаков критериум и недипломирани, корупцијата, кражбата, злоупотребата на јавен имот, рекет, криминал во сите области нема граници и не застанува“, вели Лимани во изјава за ТВ Алсат.
Тој смета дека локалните власти во Кичево се виновни за очајната ситуацијата во која се наоѓа градот и дека нивните неуспеси влијаеле младите од Кичево да ги напуштат градот и државата.
„Со еден збор, ДУИ тргнала кон спојување со СДСМ, концепт кој во оваа земја нема да се голтне ниту во следните 1000 години“, додава Лимани.