Внимавајте на срцето откако ќе прележите грип


Кај пациентите кои прележале грип зголемен е ризикот од срцев удар за шест пати, покажаа најновите истражување.

Ризикот од срцев удар е посебно изразен кај пациенти од третото доба во животот, стои во извештајот од истражувањето објавен во списанието New England of Medicine.

„Истражувањето е значајно бидејќи упатува на тоа колку е важно да се вакцинира против грип поради докажаната поврзаност меѓу грипот и акутниот инфаркт на миокардот“, вели главниот истражувач Џеф Квонг од Институтот за клиничка компаративна наука и јавно здравје во Онтарио.

Истражувањето било спроведено на 20.000 пациенти кај кои лабораториски било утврдена инфекција со вирусот на грип во периодот од 2009 до 2014 година.

Опасноста од заболување е најголема во првата недела од заразувањето, особено кога станува збор за пациенти од третото доба, како и кај пациенти кои веќе имале срцев удар.

И други вируси што предизвикуваат респираторни болести може да резултираат со опасност од инфаркт на миокардот, но не во толкава мера како прележан грип.

„Бројот на срцеви удари се зачестува во зима“, потсетува Квонг и додава дека респираторните инфекции ја зголемуваат можноста да се формираат згрутчувања на крвта, воспаленија и оштетувања на крвните садови, што го објаснува зголемениот ризик од кардиоваскуларни болести.