Внимание! Срцевите проблеми може да се откријат со прстите


Нашите тела се како совршени детектори за состојбата на здравјето, а рацете, меѓу другото, можат да послужат и како одличен показател за таа состојба.

Промени во бојата на кожата, состојбата на ноктите, отекување на рацете при температурни промени, кои се манифестираат со испотени или ладни дланки, се можни знаци за здравствени проблеми, пишува zivim.hr.

Иако проблемите со рацете често се предизвикани од напор, повреди на работа или вежбање, некои посериозни проблеми може да укажуваат на ревматоиден артритис, ендокардитис (болест на срцевите залистоци предизвикани од бактерии) или дијабетес.

Грутки на прстите – нодули на Ослер
Проблемите со зглобовите, рацете и прстите се чести и често се резултат на повторливи активности, повреди или спортски повреди, велат експертите.

Сепак, постојат услови кои бараат посебно внимание.

Ако забележите црвени или виолетови грутки на прстите, кои се болни, тоа може да укажува на јазли на Ослер, симптом на ендокардитис, велат експертите.

Овие јазли најчесто се појавуваат на зглобовите на прстите, меки се и имаат виолетово-розова боја, со посветол центар.

Покрај видливи грутки, може да се појават и симптоми како треска, потење, болка и губење на апетит. Исто така, можно е крварење под ноктите и отекување на стапалата, нозете или стомакот.

Крцкање со прсти – Стенозирачки теносиновитис
Друг симптом на кој треба да внимавате е крџкањето на прстите.

Ако чувствувате дека прстот застанува или дека движењето е болно при свиткување и исправување на раката, ова може да укаже на стенозивен теносиновитис.

Оваа состојба се јавува поради задебелување на тетивата и нејзината обвивка, што доведува до затегнување на тетивите на два мускули.

Исто така, можно е воспаление на синовијалната обвивка, која ја опкружува внатрешноста на зглобот и лачи течност која ги транспортира хранливите материи до ‘рскавичните ткива на зглобот.

Ако се појави воспаление, што доведува до зголемен проток на крв низ оштетениот зглоб, доаѓа до зголемување на количината на синовијалната течност. Бидејќи оваа течност содржи негативни ензими, може да го оштети зглобот.

Главните причини за оваа состојба може да бидат ревматоиден артритис, гихт, лупус и други болести.