Внимание: Кога треба да му речеме „не“ на ѓумбирот


И покрај тоа што се користи за медицински цели уште од античко време, овој скапоцен корен не е подеднакво погоден за секого

Сите знаеме за придобивките од ѓумбирот. Тој е тесно поврзан со зачините куркума и кардамон и се користи и како медицински помагало и како зачин најмалку пет илјади години. Познат е по својата способност да ги ублажува гадење, повраќање, утринска мачнина и други дигестивни проблеми. Освен тоа, помага при главоболки, ги ублажува болките од артритис, го отстранува застојот од настинки, го намалува холестеролот, ги ублажува менструалните грчеви… и многу повеќе.

Сепак, некои групи луѓе треба да го избегнуваат, па доколку се препознаете во некоја од следните ситуации, не го консумирајте.

Бремени жени
Ѓумбирот содржи моќни стимуланси кои можат да доведат до предвремени контракции. Бремените жени особено треба да го избегнуваат во последните недели од бременоста.

Луѓе кои сакаат да се здебелат
Ѓумбирот е идеална храна за луѓето кои сакаат да ослабат, бидејќи го убива апетитот и помага да се елиминираат мастите. Од друга страна, оние кои се обидуваат да се здебелат треба да го избегнуваат, како и сите додатоци на база на овој корен.

Луѓе со крвни нарушувања
Ѓумбирот ја зголемува циркулацијата, што е генерално добра работа, но не и за оние со крвни нарушувања како што е хемофилија. Во таков случај, оваа билка може да ја влоши состојбата.

Луѓе кои земаат лекови за крвен притисок и дијабетес
Ако земате лекови за регулирање на крвниот притисок или дијабетес, припаѓате на особено ризична група кога станува збор за ѓумбир, бидејќи оваа билка може да влијае на тоа како лекот влијае на вашето тело. Особено е ризично да се комбинира ѓумбирот со антикоагуланси, бета-блокатори и лекови базирани на инсулин.