„Внеси боја во сивата економија“ – кампања на Министерството за финансии и УНДП


Фото: Б. Грданоски

Министерството за финансии и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска ќе го означат почетокот на кампањата „Внеси боја во сивата економија“.

На настанот најавено е обраќање на министерот за финансии Фатмир Бесими и заменичката на постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Сања Бојаниќ.

Како што соопштија организаторите, целта на оваа кампања е подигнување на свеста за последиците од сивата економија, нејзиното влијание врз животот на секој граѓанин и потребата од нејзино намалување, како и нагласување на фактот дека секој од нас може да придонесе за нејзино намалување.