ВМРО на Каракачанов сега не сака коалиција со ГЕРБ


Откако американските санкции за шестмина Бугари обвинети за голема корупција направија вистински дар-мар на бугарската политичка сцена, партиите бараат начин како да се извлечат од оваа бура. Верниот коалициски партнер на ГЕРБ, партијата ВМРО, сега најавува дека нема намера да влезе во нова коалиција со формацијата на Бојко Борисов дури и ако влезат во новиот парламент. На претходните избори во април ВМРО не успеа да ја премине 4-процентната граница.

Потпретседателот на ВМРО, европратеникот Ангел Џамбаски, за бугарското радио изјави дека нема основа за разговори меѓу двете политички сили, а неуспехот на ВМРО на претходните избори бил „јасен знак од гласачот“.

ВМРО овој пат нема да се појави само на изборите на 11 јули. Тоа формира коалиција со НФСБ и Волја и како коалиција на бугарските патриоти заедно ќе учествуваат на изборите. Џамбаски вели дека претрпеле политичка штета што биле во коалиција со партијата на Борисов.