ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче епидемијата е како реклама за Топ Шоп


Фото: Б. Грданоски

ВМРО-ДПМНЕ го искритикува министерот Венко Филипче, бидејќи според нив  продолжува да се рекламира со одговарање на прашања на стримовите од влада, како да ширењето на вирусот низ земјава е реклама за Топ Шоп производи.

-Се споредуваат нелогични бројки во кои што власта сака да прикаже дека имаме најниска заразеност со коронавирусот во регионот и во Европа, кога анализите на милион жители го покажуваат сосема спротивното.

Венко Филипче наместо да објаснува како се врзува вирусот, тоа да го остави на експертите и нека почне вистински да министерува со здравството коешто во моментов е на колена.Не е точно дека институциите биле спремни и Македонија подготвена го дочекала вирусот. Македонија го дочека вирусот во хаос, за тоа говори фактот дека заштитна опрема немаше за луѓето коишто беа први на удар, неспособноста и непрофесионалноста на директорите на здравствените установи, тврдат од опозицијата.