ВМРО-ДПМНЕ тврди дека против Заев се води истрага во странство


Фото: Б. Грданоски

На денот на лидерската средба, кога партиите треба да се договорат за датум за избори, ВМРО-ДПМНЕ излзе со тврдење дека лидерот на СДСМ Зоран заев бил предмет и на странска истрага и дека таа негова ранливост го прави посакуван победник на новите избори во Македонија.

-Веќе има и јавно сведоштво кое посочува дека криминалните активности кои се случувале во Македонија, а во кои длабоко е вплеткан Зоран Заев и негови блиски луѓе, се предмет на истрага на странски обвинители, што сугерира дека за тоа постојат сериозни докази и истите се користат за влијание врз него. Затоа, додека рејтингот на СДСМ меѓу македонските граѓани им е во континуиран пад, политичарите од соседството го посочуваат Заев како посакуван политичар во Македонија. Причината е јасна, нема да најдат друг политичар кој што може да ја витка кичмата, да ги распродава националните и државните интереси и да го погазува достоинството на својот народ и својата држава, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, кои се обидуваат да играат на нова популистичка карта, спорот со Бугарија.