ВМРО-ДПМНЕ со сета сила против ЛДП и Горан Милевски


Фото: Б. Грданоски

 

Она што почна на седницата при изборот на новата влада ВМРО-ДПМНЕ го продолжува преку соопштенија. Денеска преку соопштение ја обвинија ЛДП и нејзиниот лидер Горан Милевски дека таа партија е виновна што трае коалицијата на СДСМ и ДУИ. Во соопштението се вели дека „Милевски си ја третира партијата како гранапче, затоа молчи за криминалот на СДСМ и ДУИ“.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека „и членови на ЛДП преку медиумите обвинуваат дека Милевски откако е министер си ја вработил сопругата на Клиника, додека баџанакот го поставил за директор во Државна Лотарија.

Милевски има вработено свој братучед во Државната видео лотарија, а кумашинот во Идризово, додека кумашинката си ја вработил во министерството за локална самоуправа.

Дали Милевски преку ЛДП ја поддржува мафијашката влада на СДСМ – ДУИ, за да си ги вработува роднините во администрација?

Владата на СДСМ и ДУИ опстојува само затоа што Горан Милевски издејствувал министерско место за себе и вработување во државни институции на свои најблиски роднини.

Горан Милевски ја држи партијата во заложништво и за свој личен и семеен интерес ја поддржува криминалната коалиција СДСМ – ДУИ… Дали пратениците од ЛДП ќе смогнат сили и ќе му кажат не на Милевски и неговиот непотизам, заради кој владее мафијата на СДСМ и ДУИ?“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.