ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов троши за лампиони и диносауруси место за болнички возила


ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначалникот Петре Шилегов дека за диносаурси и лампиони троши над пола милион евра, а ниту денар за борбата против корона вирусот.

-Фрапантни се податоците дека за пластични диносаурси и украсување со лампиони Шилегов ќе потроши вкупно 525 илјади евра, во исто време кога не дава ниту денар за борбата против корона.Новите пластични диносаурси кој ги набави Шилегов за Золошката градина градот Скопје го чинат 325 илјади евра. Дополнително Шилегов ќе потроши 200 илјади евра за лампиони, светилки и новогодишно улрасување на градот. Со вкупно 525 илјади евра можеше Шилегов да купи најмалку 15 возила за итна медицинска помош, да се изградат неколку монтажни ковид центри, да се купат 1.000 лаптоп компјутери за дечиња кои не може да ја следат онлајн наставата која се организира поради заштита од короната, стои во реакцијата на советничката група на оваа партија,  која инаку потроши половина милијарда на циркусот Скопје 2014 место да инвестора во здравството.