ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов прави скап и неефикасен автобуски транспорт


ВМРО-ДПМНЕ реагира на најавата на градоначалникот Петре  Шилегов за воведување брз автобуски траљнспорт во Скопје (БРТ).
 
-Шилегов ја замајува јавноста, едно зборува друго прави. Прво рече дека ќе ги сечат дрвјата долж средишното зеленило заради БРТ превозот, сега дека нема. Прво едно зборуваше за кејот, сега друго испадна…Идејата на Шилегов дека ќе го сочува зеленилото при изградба на таканаречениот БРТ превоз не соодветстува со реалноста и е уште еден маркетиншки трик бидејќи два метри под моменталните дрвја оди главната водоводна цевка за Скопје и при откорнување на дрвјата може да дојде до нејзино оштетување и пукање.Така откорнатите дрвја ќе се уништени и за ново зеленило ќе треба да се купуваат нови дрвја. Зелените коридори кои сега ги најавува Шилегов ќе направат и сообраќаен хаос во градот Скопје.
 
Најголем проблем е претоварувањето на патниците кои ќе одат на дестинации кои не се опфатени со линијата на БРТ, бидејќи на линијата по коловозните ленти по кои ќе се движи БРТ нема да можат да се движат други автобуси. Дополнително неуко е зголеменото растојание на автобуските станици, со кое се организира превозот како Скопје да е полунаселен град.Со вака поставен систем се создава проблем и при излегувањето и влегување на патниците во автобусите на БРТ. Кога ќе излегуваат од автобуската станица мора да има натвозници, за да можат да поминат на пешачка зона.
 
Системот за сообраќање на БРТ автобусите е неефикасен затоа што автобусите ќе се движат на секои три минути со што во голем дел од временските интервали по шпицевите ќе бидат празни и ќе оперираат со мал број на луѓе.Сакаме да потенцираме дека овој проект е многу скап и неефикасен за град Скопје со овој број на население и со оваа географска распространетост.Системот на БРТ превозот е неосмислен и набрзина изведен без да се земат во предвид сите други фактори кои влијаат во сообраќајното уредување на градот. Му упатуваме апел на Шилегов овој проект да не го почнува на крајот на мандатот и со тоа да не му остава проблеми на идниот градоначалник на Скопје, кој ќе треба отпосле да ги поправа неговите грешки и неспособноста, порачуваат од опозицијата.