ВМРО-ДПМНЕ сега ја нападна Алтернатива


Фото: Б. Грданоски

Откако излезе од дружината на прочуената слика за Христијан Мицкоски за новото мнозинство, сега ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓа Алтернатива дека станала „партнер на криминалната дружина“. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека „Алтернатива наместо партија којашто сака да промени нешто во општеството и да стане коректор на искривените вредности, станува партнер на криминалната дружина на власт СДСМ и ДУИ“.

Стоилковски уште обвини дека Заев бил подготвен „да ја плати секоја цена само за да продолжи со крадењето, тендерите и разградувањето на државата“. Иако мнозинството во парламентот се зголеми на 64 Стоилковски како и претходните денови тврдеше дека многу скоро власта ќе паднела.

Вчера лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, изјави дека влегувањето на Алтернатива во владата е погрешен чекор и дека требало да остане во опозиција.