ВМРО-ДПМНЕ се жали дека никој не ја консултира за пописот


Пописот треба да биде статистичка, а не политичка операција, порача денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски најавувајќи дека е можно партијата да не го поддржи ако отстапува од критериумите според кои се спроведува во најнапредните земји.

-До сега власта ја нема консултирано опозицијата за вака суштествено и стратешко, важно прашање на земјата. Пописот не треба да се спроведе во зависност на политичките интереси на власта на Зоран Заев, туку со почитување на европските критериуми за попис, пропишани од ЕУРОСТАТ која е институција за вакви дејности во Европската унија. Таков попис, кој би отстапувал од утврдените критериуми спроведувани од напредните европски земји, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи. Ако и овој попис пропадне, а се одвива без консултација со опозицијата повторувам се одвива без консултација со опозицијата, како и досега целосната вина ќе биде единствено на власта, рече Арсовски.