ВМРО-ДПМНЕ сака да разговара со некој друг во СДСМ, па макар и Заев
Откако премиерот Димитар Ковачевски експресно го одби барањето на Христијан Мицкоски јавно да разговараат за одржување превремени избори, ВМРО-ДПМНЕ денеска бара СДСМ да размили подобро и дека тие би разговарале дури и со Заев и Шекеринска.
„СДСМ и Ковачевски се однесуваат недораснато и неодговорно. Тие без да размислат ја одбиваат пружената рака од страна на ВМРО-ДПМНЕ за помош во справувањето со кризите и проблемите во кои е западната Македонија токму поради нивното владеење.
Велиме дека нивното однесување е инфантилно, бидејќи одбија средба на која ќе се разговара за понудата за формирање на четири тима во делот на економијата, надворешната политика, здравство и образование и ќе работат без привилегии за да им помогнат на владата и граѓаните да излезат од акутни проблеми во општеството и тензијата во која што живеат“, вели во соопштените ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, тоа бил пакет за подобра иднина на Македонија од кој премиерот не може да бира што му се допаѓа, а да одбива тоа што не му допаѓа. Понудата е јасна, да се дефинира термин за нови избори, а во меѓувреме овие тимови од експерти, без привилегии да ѝ помогнат на Владата, без партизација, без политизација, за да можат да се решат акутните проблеми.
„Ако Ковачевски не е спремен да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ, спремни сме да разговараме со секој од СДСМ кој носи одлуки, било тоа да е Заев или Шекеринска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.