ВМРО-ДПМНЕ прогнозира: Мијалков за два месеци на слобода


Фото: Б. Грданоски

Излегува ли Сашо Мијалков на слобода за два месеци? Тоа ли е договорот Заев – Мијалков, прашува ВМРО-ДПМНЕ, според која премиерот Зоран Заев не спроведува правда, туку се пазари. Реакцијата произлегува од фактот дека поради брзата постапка за процесот „Таргет Тврдина“ рокот до кога апелација треба да донесе одлука за најавените жалби е само два месеци, а вообичаено оваа фаза трае и до една година.

„Откако јавноста притисна и имаше жестока реакција за пад на владата, Заев се спаси со договорот со Мијалков, но не за долго. Договорот кој требаше да значи бегство сега е заменет со договор за слобода за два месеца?

Дали Заев мисли дека граѓаните ќе му ја проголтаат оваа лага? Привидниот мир кој сега го купува ќе дојде за плаќање за два месеца, а што тогаш? Со Заев не е можна правда. Со Заев имаме само неправда. Ќе има смена на Заев, а тогаш ќе дојде правда за сите“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.