ВМРО-ДПМНЕ: Процесот за случајот „Рекет“ месец дена тапка во место


Смешно и безобразно е кога Зоран Заев, неколкукратно аболициран политичар и човек кој инфлагранти е фатен во извршување кривично дело, зборува за одговорност, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Попусти се сите обиди на правдање пред новинарите. Зоран Заев вчера ги навреди сите новинари во земјата. Заев вчера дефакто кажа дека сака новинари кои ќе молчат пред криминалот на власта, а не професионалци кои ќе ја информираат јавноста. Зоран Заев вчера изрази целосна нетрпеливост и покажа дека се што до сега кажувал било само маска со цел доаѓање на власт. Заев е синоним за криминал. Под негова палка во државата е извршен милионски рекет, во период од неколку години. И за тоа никој ништо не преземал. Процесот за случајот Рекет месец дена тапка во место. ЈО не ја проширува истрагата кон нарачателите и организаторите. Боки 13 и Зоки Кичеец се само жртвено јагне за спас на Катица Јанева и Зоран Заев. Одговорност мора да има, но тоа не е можно со Зоран Заев на власт. Заев мора да си даде оставка и да се организираат итни предвремени парламентарни избори. Потребни се истраги и одговорност за криминалот извршен во изминатиот период”, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.