ВМРО-ДПМНЕ: Поднесувањето на кандидатурата на Силјановска е технички процес


Фото: Б. Грданоски

 

Одговарајќи на забелешката на штабот на Стево Пендаровски, дека Гордана Силјановска-Давкова ја поднела кандидатурата за претседател во ДИК со потписи на 30 пратеници, а не и со собраните потписи на граѓаните, од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека тоа бил „технички процес“.

„Свесни сме за интенцијата на Пендаровски и СДС да продолжат со креирање на теми кои се надвор од реалноста и ова е уште доказ за нивната единствена желба да го затскријат својот неуспех и пораз кои ги очекува.

Поднесувањето на кандидатурата е технички процес, професорката Силјановска-Давкова имаше историски најголем одзив од граѓаните при собирањето на потписите за нејзината кандидатура и тоа е она што е најголема болка за Пендаровски и СДС. 

Му препорачуваме на Пендаровски барем во неговите последни денови од мандатот да ја напушти неговата најсилна карактеристика – озборување и пласирање на невистини во јавноста“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.