ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужби до Управниот суд за верификацијата на мандатите на осум пратеници

Главната опозициска партија денеска со тужби до Управниот суд го оспори верификувањето на осумте пратеници кои влегоа на испразнетите места на нивните претходници кои станаа министри. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека нивниот избор бил направен нелегално преку Верификациската комија, затоа што таа имала мандат да функционира само на првата конститутивна седница.

„Во Деловникот за работа на Собранието по членот 17 јасно и прецизно е пропишано дека единствено по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања може да се одвива начинот на кој што се избираат односно се верификуваат дополнително оние луѓе кои што станале пратеници“, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, по поднесувањето на тужбите.

„Сепак, владејачкото мнозинство како и многупати во минатото со една дивоградба впрочем и она што го направија во првите денови по формирањето на Владата е еден типичен пример за ова владејачко мнозинство и оваа Влада. Значи буквално она што ќе се почне со дивоградба понатаму продолжува да функционира на еден ист начин“, нагласи Јанушев.