ВМРО – ДПМНЕ очекува потписите за кандидатурата на Силјановска Давкова да бидат собрани уште денеска


Денес се собираат граѓански потписи за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова за претседател на државата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи, посочуваат од  партијата.

Очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ се дека потписите од граѓаните ќе бидат собрани за еден ден.