Како „ очај, измислени конструкции и непостоечки афери“ ги оцени владеечкиот СДСМ упорните секојдневни тврдења на ВМРО-ДПМНЕ дека министерот Оливер Спасовски и МВР го прикриваат случајот за дивеењето во Скопје со приватно возило со флешери, кое според нив го управувал Ќерим Буши, син на заменик министерот во МВР, Назим Буши. уште повеќе ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „мерцедесот“ таткото на Ќерим Буши го добил како службено кога бил на висока позиција во „Телеком“.
-Уште еднаш прашуваме дали регистарските ознаки СК 0202 АП, кои биле официјални таблички на мерцедесот со флешери, сега постојат? И ако не, зошто не? Воедно го прашуваме „Телеком“ дали им се познати регистарските таблички СК 0202 АП, и дали тие биле таблиците на црниот мерцедес 350 компакт кој тие го купиле во 2017-та година, како службено за Назим Буши?
„Телеком“ треба да одговори дотолку повеќе што во бордот на директори седат луѓе назначени од владата како Зоран Китанов, Нина Ангеловска и Дардишта.Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн мерцедес со таблички СК 0202 АП на Назим Буши?Ова се лесно проверливи работи и очекуваме одговор, парушва ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата прашуваат кого штити министерот Оливер Спасовски и зошто досега не е постапено за овој случај.
-Случајот за кој денеска зборува ВМРО-ДПМНЕ е целосно расчистен, виновникот е лоциран и санкциониран, а нелегалните флешери се отстранети од автомобилот, возвратија од СДСМ. Според нив, МВР покренало дисциплинска постапка против полициските службеници кои се обиделе да го прикријат сторителот и да ги запрат дејствијата.
-Во последните неколку години, македонската полиција е високо професионализирана и силно мотивирана во откривање и спречување кривични и прекршочни дела, а времето на недопирливи за полицијата заврши со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, возвратија од СДСМ.