ВМРО-ДПМНЕ објави директори на училишта што не пријавиле имот
ВМРО-ДПМНЕ почна да објавува имиња на директори на скопски училишта кои не пријавиле анкетни листови тврдејќи дека тоа го избегнуваат бидејќи кријат имот.
-Нема јавно објавени анкетни листови и пријавен имот Силвана Кржовска, директорка на СУГС Јосип Броз Тито која доаѓа од партијата на власт ДОМ, Митко Димовски, директор на СУГС Орце Николов, Горанчо Николовски директор на АСУЦ Боро Петрушевски, Тања Јовановска директор на СУГС Васил Антевски Дрен и Маја Салиу директор на СМУГС Панче Караѓозов. Дали овие лица се дел аферата тајни имоти?Што кријат директорите на овие средни училишта под јурисдикција на град Скопје? И зошто не го пријавиле својот имот на увод на јавноста? – прашуваат од опозицијата.
Ти еповторно ја повикаа ДКСК да поднесе пријави против функционерите. ставајќи ги во тој кош и директорите на, како што ги нарекуваат „СДС и Данела Арсовска“. Со оглед на тоа колку пари има во училиштата и колку бројат раководителите во јавната администрација, ваквите лицитирања со имиња претпоставка дека кријат имот повеќе личи на политичка пресметка отколку откривање корупција.