ВМРО-ДПМНЕ најавува импичмент за Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за импичмент на претседателот Стево Пендаровски. Портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски, по тој повод истакна дека се разгледуваат сите можности и опции во телата и органите на партијата.

„Ние одамна кажавме дека Пендаровски е соучесник на мафијата на Заев, која што за жал оваа мафија функционира во оваа држава Република Македонија и многу подобро и од најдобрите времиња кога функционирала најголемата мафија во светот ‘Коза ностра’”, рече Арсовски.

Можноста за импичмент е поврзана со актуелните случувања во Собранието, во однос на гласањето за петте вонредни состојби на претседателот. ВМРО-ДПМНЕ вчера се изјасни дека нема да гласа за одлуките за продолжувањето на вонредната состојба оти голем дел од уредбите донесени од владата биле наменети за други цели.