ВМРО-ДПМНЕ: На секој час има по 10 заразени со Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Македонија секој ден има нов пик. И нема изгледи за стивнување на бранот, оценуваат од опозициската партија од каде бараат оставка од министерот за здравство Венко Филипче, поради влошувањето на ситуацијата со Ковид-19 во земјава.Од ВМРО-ДПМНЕ пресметале дека на секој час во последните 48 часа има по 10 новизаразени, така што само вчера беа регистрирани 243 случаи.

„Заев и Филипче велеа дека бројот на заразени нема да надмине 2 000, а сега тој е 18 602 и е речиси десеткратно повеќе отколку што Заев и Филипче не уверуваа. Тие немаат стратегија. Македонија секој ден има нов пик. И нема изгледи за стивнување на бранот“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Алармантна е и ситуацијата со починатите од Ковид-19, велат од ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека во текот на вчерашниот ден починаа четири лица, со што бројката на смртни случаи се искачи на 753.

„Заев и Филипче немаат контрола над ситуацијата.И Заев и Филипче мора да понесат одговорност за хаосот во кој сме моментално. Оставка е морален, но и единствено исправен чекор во моментот. Филипче охрабри се – поднеси оставка“,се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.