ВМРО-ДПМНЕ му рекло на германскиот пратеник дека нема да поддржи уставни измени


 

Во овој собраниски мандат – не.

Таков став му пренесле пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на средбата со специјалниот пратеник на Германија за Западен балкан, Мануел Сарацин. Тој став го кажа Антонио Милошкоски по разговорите со Сарацин.

„Ставот на пратеничкара група на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските  партнери е единствен и тој значи дека овој пратенички состав Собранието нема мандат, ниту демократски легитимитет да отвори или менува Устав без да има повтрда за тоа и понуда на решение на избори за што се изјасниле граѓаните“, рече на прес-конференција Милошоски

Тој нагласи дека на Сарациј му зборувале за употребата на европското знаменце за изградбата на коридорите. „Втората тема која што отворивме е дека е болен парадокс во време кога се разговара на политички теми поврзани со Европската унија, истовремено во истата соба да имате седница на Комисијата за европски прашања каде се употебува европското знаменце за да се пиокрие досега можеби највисоката корупција на тајниот документ којшто го потпишале Артан Груби и Димитар Ковачевски за таканаречените делови од коридори. Друго што беше споменато е дека ги споделивме бројките кои велат дека 85 проценти од македонскиот народ е против ваквото наметнато уценување и барање за промена на Уставот“, рече Милошоски.