ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски стои на располагање за сите детали за истрагата на ДКСК


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, стои на располагање за сите детали кои се поврзани со истрагата, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ по објавата на ДКСК дека ќе поведе постапка за утврдување на вистината во тврдењето на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов дека Мицкоски нелегално купил земјиште, а ќе се проверува и ,,бизнисот со хидроцентралите“.

„Ја поздравуваме експeдитивноста на ДКСК, и повторно ја нагласуваме отвореноста да се испитаат сите аспекти за кои постои интерес. Воедно ја охрабруваме со истиот жар, ентузијазам и експедитивност да го испитаат и имотот на премиерот Зоран Заев од просечно земјоделско семејство стигна да вреди неколку милиони евра, како Заев го изгради „Глобал“ за што беше амнестиран, а Заеви стигнаа до возен парк Бентли и Мајбах. И како судот го ослободи, поточно амнестираше Заев од случајот „Поткуп“ каде се гледа како на видео бара мито’, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно батаа антикорупциска да постапува и по случајот со  повеќето дозволи за хидроцентрали на вицепремиерот Анѓушев, да ги испитаат сомнежите за грчки фирми на министерот Манчевски, и фирмите за марихуана на Заеви.