ВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на Филипче што овозможи приватните болници да се богатат на грбот на пациентите?


Собир на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ повторно обвини дека нема соодветна терапија за болните од корона вирусот во државното здравство , таква каква што се добива во приватните болници, така што, според нив, пациентите умираат на пат до болница, по ходници на клиниките.

-Прашуваме кој е интересот на Филипче што овозможи приватните болници да се богатат на грбот на пациентите додека државното здравство колабира. Медицинските лица се целосно незаштитени.

Филипче девет месеци од короната кризата ги остава без соодветна лична заштита, па така од почетокот на пандемијата починаа 13 медицински лица, обвинуваат од опозицијата.

Реакцијата е одговор на вчерашните прашања од СДСМ каков е интересот на нив како партија секојдневно да го рекламираат и фалат третирањето на болните во приватните клиники, криејќи се зад грижата за болните. СДСМ одамна тврди  дека главен финансиер на ВМРО-ДПМНЕ е сопственикот на „Систина“ Орце Камчев.

Инаку, според реакциите на граѓаните во приватните болници еден третман за Ковид 19 чини од 10.000 до 15.000 евра, а само од брзите вакцини таму се слеаја најмалку шест милиони евра.