ВМРО-ДПМНЕ ќе се жали за мандатот на Заев на Уставен суд


Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ почнал да ја пишува иницијативата до Уставниот суд со која размислуваат да го оспорат доделувањето мандатот на Заев од Пендаровски. Сепак, раководството на крајот ќе пресече дали и кога ќе го оспорат доделувањето на мандатот, но тврдат дека оваа опција сериозно е на маса.

„Мандатот е узурпиран од пратеникот Зоран Заев кој нема мнозинство, чекорот со кој Пендаровски го прекрши Уставот е за купување време и давање постор за непринципиелно купување на пратеници” – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата тврдат дека во случај кога како што велат, Уставот е прекршен. Уставниот суд мора да реагира.