ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира и на Денот на ВМРО


Нa 23 октомври -Денот на македонската револуционерна борба и на денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест со автомобили. Протестот, како што наведуваат, ќе биде против мафијата, за правдата и слободите.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека протестот в петок ќе започне во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски во Карпош и СЦ Јане Сандански во Аеродром, а ќе финишира пред Собранието каде е предвидено да се обрати претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.