ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи во Собранието данокот на добивка да се намали од 10 на 9 отсто

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата Бизнис поенти на ТВ Алфа, вели дека веднаш по формирање на комисиите до Собранието ќе поднесат Предлог закон за намалување на данокот на добивка од 10 на 9 проценти, односно како што рече тој ако има доволно желба кај власта еве начин да се помогне на компаниите да ги задржат работните места.

„Ќе продолжиме да ги артикулираме нашите позиции и мислам дека тоа е легитимен
начин да ги презентираме нашите ставови на еден мирен начин, но и истовремено
како што кажам тоа ќе го правиме и во рамките на парламентот. Еве ќе најавам дека
пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по формирањето ан комисиите ќе
достави до парламентот Предлог закон за намалување на рамниот данок од 10 на 9
проценти“, рече Мицкоски.