ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира локалните избори во Штип?

Фото: Б. Грданоски

 

Одлуката на тројцата лидери на партијата е да се бојкотираат локалните избори во Штип, со цел на истиот начин како за време на референдумот, да докажат дека доколку ВМРО-ДПМНЕ учествувало на избори ќе победело со над 60 отсто гласови, но не излегуваат поради корона кризата.

Проценката е дека ВМРО-ДПМНЕ сигурно губи на овие избори од СДСМ, а тоа ќе биде аргумент плус за пучистите да побараат вонреден Конгрес на партијата на кој ќе биде сменет Мицкоски од лидерската позиција. Мицкоски се надева дека со бојкот на избори ќе се спаси од промена, без да биде загрижен дека ВМРО ДПМНЕ постојано губи откако е тој на функции во партијата.