ВМРО-ДПМНЕ ќе бара намален ДДВ за електрична енергија и за компаниите


ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе два амандмана на Предлог-законот за намалување на ДДВ за електрична енергија. Ќе побара законот да важи не само за домаќинствата, туку и за компаниите, како и данокот да остане пет отсто доколку цената на електричната енергија не биде иста.

Ова вечерва го најави лидерот на партијата, Христијан Мицскоки и јавно побара од Владата, односно нејзините пратеници, да ги поддржат амандманите кои уште во понеделник ќе бидат ставени на седница на Комисијата за финансирање и буџет.

-Ќе имаме амандман според кој намалувањето на ДДВ-то на сметките за електрична енергија да не биде само за домаќинствата, туку и за компаниите, зашто има можност предлогот да има краток век по завршувањето на локалните избори, а потоа некој да го обжали на Уставен суд, да падне и повторно да се врати ДДВ-то на 18 отсто и да плаќаме 12,5 отсто поскапа електрична енергија. Нема да има дополнителни оптоварувања, кај фирмите тоа е влезен дел, го пребивиаат, ама ќе се подобри нивната ликвидност. Вториот амандамн ќе биде за цената на електричанта егргија што во иднина ќе ја добива ЕСМ од приватните трговци. Ако цената биде иста, тогаш да, можеме да бараме зголемување на ДДВ, но ако не биде иста, тогаш да остане цвело време пет осто, а не само една година, додека не поминат локалните избори. Ги повикувам Заев, Бесими и Ковачевски да ги поддржат овие два амандамна, рече Мицкоски.

Според него, одлуката на Регулаторна комисија е по 5,36 денари да се продава киловат час.

-Ако тоа се спореди со цената лани, 4,77 денари, се доаѓа до покачување за отприлика 12,5 – 13 отсто за кое зборував. Признавам, јас реков 15 проценти дека ќе биде. Ако денес цената е 5,36 денари киловат час, а вчера беше 4,77, кој ја даде идејата за намалено ДДВ и кој го понуди тоа решение за да останат сметките на граѓаните исти? ВМРО-ДПМНЕ, истакна партискиот лидер.

Во врска со изградбата на новиот клиничкиот центар, Мицкоски рече дека нема никаква комуникација со СДСМ. Тој упати отворена покана до власта за средба на која, рече, би се соочиле концептите и би се нашло соодветно решение.

-Нашиот став е дека овој клинички центар е потенцијален извор на сериозна пљачка и корупција. Никогаш не сме рекле дека сме против клинички центар, ние сме за нов клинички центар, сме понудиле и решение и подготвени сме да рагзовараме – да имаме клинички центар со кој ќе одговориме на потребите на граѓаните, но истовремено да не ги опљачкаме, истакна Мицкоски.