ВМРО-ДПМНЕ ја нарече Данела Арсовска „црпната“


 

Во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ партијата ги поврза СДСМ и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека работат заедно и ја нарече „црпната“.  Партијата е гневна поради билбордите во Скопје на кои Христијан Мицкоски се нарекува „шпицниот градоначалник“

„Тоа што СДС одговара во име на Данела Арсовска потврдува дека наводите за тајна средба Арсовска-Ковачевски имаат основа.

За неполни 48 часа во време на инфлација и енергетска криза клептоманската СДС плати и ѝ подари билборди на Арсовска само за да се пресметува со ВМРО-ДПМНЕ, потоа оддржува прес-конференции за сомнеж за криминал кој го прави Данела Арсовска и кој неосновано се препишува на ВМРО-ДПМНЕ.

Јасно е дека клептоманската СДС ја ‘црпна’ Арсовска да биде новото лице во уценетата и новоформирана коалиција која одработува за својата слобода пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ“, вели во соопштението партијата.