ВМРО-ДПМНЕ ги брани општините што користеле струја како за домаќинства


Откако претседателот на Регулаторната комисија денеска изјави дека општините со формирање јавни претпријатија направиле упад во системот на регулираниот пазар со електрична енергија, ВМРО-ДПМНЕ се почувствува повикана да го нападне Марко Бислимоски. И директно ги потврди зборовите на Бислимоски велејќи општините барале решенија за да ги намалт трошоците.

Партијата преку соопштение вели дека намаленото домашно производство на електрична енергија било причина за енормното поскапување на електричната енергија.

„Повторуваме дека во моментов општините се сардисани во долгови од превисоките сметки за електрична енергија. Им се топат буџетите предвидени за инфраструктурни проекти, само за да ги подмират сметките за електрична енергија.

Владата на СДСМ и ДУИ не мрдна со мал прст за да им помогне, па општините почнаа да изнаоѓаат законски решенија за да си ги намалат трошоците. Арно ама тоа му посметало на Бислимоски во кроењето на новата цена на струјата во јули, оти не ќе може да спроведе гол популизам демек ги штити граѓаните од превисоки сметки за струја“, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека за Бислимоски „било проблем што дел од општините формирале нови јавни претпријатија кои ги исполнуваат условите од Законот за енергетика, да бидат мали потрошувачи, па сега наместо да купуваат скапа од струја од снабдувачите на слободниот пазар, се снабдуваат од ЕВН ХОМЕ по регулирана цена“.