ВМРО-ДПМНЕ до Заев: Ветуваше патишта и хидроцентрали, а само штитеше рекетари


ВМРО-ДПМНЕ му порача на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека го потценува памтењето на граѓаните.

– Во 2016 година ветуваше дека ќе изгради 600 километри нов автопат, 550 километри магистрални и 1.000 километри локални патишта, а сега нема направено ништо. Ветуваше дека ќе почне изградба на нов клинички центар во Скопје, хидроцентрала Чебрен и Галиште, студентски центри во Скопје, Тетово и Штип и уште десетина други лаги.

Мисли дека ако тој и неговите функционери заборавиле, дека и народот заборавил. Многу се лаже. Имаше можност да направи нешто, но тој таа можност наместо за граѓаните ја потроши за заштита на криминалот, организирање на коруптивни и рекетарски мрежи и за полнење на торби со милиони евра кои завршуваа во џебови на негови блиски соработници, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.