ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ за дивоградбите: Можете да урнете и повеќе

ВМРО-ДПМНЕ се огласи со предлог до Владата да урне уште неколку дивоградби на ист начин како што донесе одлука да се ангажира „Македонија пат“ за нелегалниот објект кај Мавровка. ВМРО-ДПМНЕ предлага Владата бесплатно да ги сруши и следниве дивоградби:

1. Дивоградбата на дивата платформа на Матка

2. Дивоградба во близина на Скопското Кале кај касарната „Илинден“

3. Дивоградбата на Нефи и летната тараса кај охридскиот Чинар

4. Дивоградбите долж охридското крајбрежје.

„Доколку не го направи ова, Владата покажува дека сето ова е евтин театар. Затоа сметаме дека крими-тендерашката власт на Заев се обидува да направи театар со дивоградбата кај ‘Мавровка’. Вистината е дека токму оваа иста старо-нова власт дозволи дивоградбата да никне на едно од најфрекфрентните места во Скопје, па со месеци се натегаа чија надлежност е, па бараа преку платени огласи кој е инвеститорот, за сега наводно да поднесуваат кривична пријава и да најавуваат рушење.Сето ова граѓаните ги чинеше и ќе ги чини пари, како преку циркусот со огласи во весници, така и преку рушењето со народни пари“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.