ВМРО-ДПМНЕ до Ковачевски: Нема ни еден функционален воз, а потпишуваш договор за брза пруга


Се моли Димитар Ковачевски да се врати во Македонија за да не ја брука државата на отворена сцена, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по веста дека во Белград , каде што присуствува на  регионалниот вински саем потпишал меморандум за соработка со Србија за брзата пруга од  Ниш до Скопје.

„Ковачевски потпишува меморандуми за брза пруга, а дома нема еден функционален воз кој му се сообраќа во Македонија“, порачуваат од опозицијата. Според нив, Ковачевски треба помалку да патува „со цели свити и да арчи народни пари за да учествува на вински саеми, а повеќе да се концентрира на работите во Македонија“.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека му преостануваат уште неколку месеци на власт, па редно е како што потенцираат, да реши барем еден од проблемите кои тој и неговата влада им ги донесоа на граѓаните.